По силниот скок предизвикан од реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД, биткоинот ги мина месеците со осцилации околу границата од 100.000 долари. Загриженоста за политичките и економски потези на Трамп го ублажи ентузијазмот кој го предизвика неговиот проруски и прокрипто став. Меѓутоа, сега, кога други ризични облици на имот, како акции, се повторно блиску до рекордни нивоа, биткоинот продолжува со својот раст. Во работната недела што е зад нас оваа криптовалута достигна рекордни 120.000 долари, а ние се прашувавме дали е време за заработки? До каде навистина може да се зголемува цената? Па и како можете сега да купите биткоин. Нашите анализи не се совети за инвестирање, иако секако е јасно дека додека кај нас нема регулатива, многумина од регионот почнаа со биткоини да купуваат и станови. Направивме преглед - Црногорците се лидери.
Прочитајте повеќе:
Кој во Македонија и во регионот купува имоти со криптовалути
До каде може да се искачи цената на биткоинот? Дали е време да се заработи од профитот?
А кога Трамп е во прашање, доста промени се случија на пазарите откако тој седан во белата куќа. И неделава што измина актуелно е прашањето за евентуалната смена на шефот на Федерланите резреви Џером Пауел. Пазарите ги движат и логики, ама и ситуации кои неретко неочикувано прават стрес. Нето-вредноста на средствата на отворените инвестициски фондови во Македонија пораснала за 52,3 отсто за една година, а среброто во неделата што измина дојде на 14-годишниот максимум. Влијанието на американските царини се уште е клучен двигател за екномските текови, ние во нашата анализа заклучивме дека додека се крчкаат новите тарифи, нашиот извоз кон САД пораснал. Од берзанските анализи за суровините донесовме преглед на можните сценарија за цената на кафето.
Прочитајте повеќе:
Измеривме колку „тежат“ македонските блучипови: за пет години ја зголемиле вредноста за 130 отсто
Навалија и Балканци: Истраживме колку чинат становите во Дубаи и Абу Даби
Да, ние истражувавме за колку време ќе ви се врати влогот во стан во Дубаи или Абу Даби и верувајте можностите се преголеми. Во текстот носиме цени за сите емирати, но и факти кои говорат дека и Балканците, но и Македонците веќе го открија скапоцениот камен.
Инаку Македонците имаат поголем проблем кога демографијата е во прашање. Иселувањата имаат разорно влијание врз вкупната економија и доколку продуктивноста не се зголеми и влезот во Европската Унија нема да има значајно позитивно влијание. А технолошките промени имаат свое влијание. До 2030 година над 80 отсто од работните места ќе се променат па секој од нас ќе мора да се прилагоди.
Прочитајте повеќе:
Ќе има ли системски реформи за згрижување на сите деца во градинките?
Следна недела: Хипотеки за станови во Дубаи
А во меѓувреме регионалните фудбалски тимови се барана стока меѓу производителите на спортска опрема. Направивме пресек на оваа пазарна борба. Најдобриот светски велосипедист, Словенецот Тадеј Погачар, исто така е во голема борба. Тој се бори за уште една шампионска титула на „Тур де Франс“, а наградата вреди половина милион евра. Спортските ѕвезди се исто така во борба да се докажат на деловниот фронт. Истраживме кој се снаоѓа најдобро.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...