За среќа, завршува неделата, инаку којзнае уште што сè ќе видевме. Почна како ужасна. Индексите паѓаа како во март 2020 година, кога светот застана поради пандемијата. И индексот на стравот го достигна нивото од тоа време.
Трамп се пофали дека сѐ оди според планот, дека буџетот се полни, дека сите го молат да попушти … И изгледа добро го молеле, попушти. Царините за цел свет се на пауза. И ЕУ одлучи да паузира.
Прочитајте повеќе:
Што да правите со парите додека царините ги преобликуваат пазарите?
Додека другите губат пари, Ворен Бафет станува побогат
Пауза нема само за кинеските царини. Тие растат на дневна основа. Прво беа 34 отсто, па 104, па 125 отсто. Најтешко им е на аналитичарите што треба да пресметаат какво ќе биде влијанието врз крајните потрошувачи.
Како и да е, вчера берзите имаа најголем раст од 2020 година. Милијардерите имаа историски најдобар ден откако претходно го критикуваа Трамп. Илон Маск, за кого рекоа дека покажува слабост и страв, излезе како убедлив победник.
И Македонската берза за момент се качи на лудата железница на која се возеа светските пазари, но брзо се созеде. Откако во понеделникот МБИ10 падна за 3,8 отсто, во вторникот порасна за 0,8 отсто. Вчера растот изнесуваше 1,55 отсто.
Прочитајте повеќе:
Азил во Германија? Македонците велат да
Како до помирна старост: Во што да штедите за поголема пензија?
Растат и трошоците на живот, ама побавно. Во март инфлацијата во земјава изнесувала 2,7 отсто, а очекувањата на домашните аналитичари се сменија. Последната анкета на НБРМ покажува дека испитаниците и натаму очекуваат забавување на инфлацијата, но тоа оди побавно отколку што прогнозираа.
Единствено што не забавува во земјава е растат на цените на становите. Во првиот квартал од годината растат изнесува 19,4 отсто. Нашите аналитичари пресметаа колку просечни плати ни требаат за да купиме стан од 60 квадратни метри.
Доналд Трамп го сврте светот наопаку, а истата судбина може да ја доживее и Светското првенство, на кое неговите Соединети Американски Држави следната година треба да бидат домаќини со поранешните партнери Мексико и Канада. Друг спорт е во голем подем. Фудбалот со знаме ќе дебитира на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, но дотогаш веќе би можел да има и професионална лига.