Организација поддржана од Обединетите нации (ОН) прогласи глад во Газа. Според извештајот, кој за Израел е исцениран и пристрасен, повеќе од 640.000 луѓе во Палестина ќе се соочат со „катастрофално ниски нивоа на храна“ до крајот на септември.
Прогласувањето глад во Газа доаѓа во моменти кога сите сили се насочени кон завршување на конфликтот во Украина. По средбата меѓу Трамп, Зеленски и европските лидери, светот е во исчекување средба меѓу рускиот и украинскиот претседател. Швајцарија се понуди да биде домаќин на средбата и да му даде имунитет на Путин, но јасно е дека патот до мирот води преку Вашингтон. На маса се силни безбедносни гаранции за Украина, но главно е дека се преговара за нејзините нови граници, а според американскиот потпретседател Венс, Русија бара и територии што не се окупирани. Зеленски се соочува со тежок избор.
Оптимизмот дека може да се дојде до примирје во Украина ја спушти цената на нафтата. Понудата и сега е поголема од побарувачката, а трговците калкулираат и со нови количества доколку бидат олеснети санкциите кон Русија. Сепак, проблемот во Газа, според аналитичарите, носи неизвесност за снабдувањето со црното злато.
Крај на војната во Украина беше едно од клучните ветувања на Трамп пред изборите, исто како царините. Анализиравме како досега реагираа пазарите на вториот мандат на Трамп.
Американскиот претседател води битка и на домашен терен, со Федералните резерви односно „бавниот“ гувернер Џером Пауел, од кого се бара намалување на каматните стапки. Сигналот од Фед го чекаат и пазарите, а S&P 500 паѓа неколку дена по ред.
Прочитајте повеќе:
Долг од 60 отсто од БДП - невозможна мисија? Глобалните ризици ни го отежнуваат патот
Крај за хартиените фактури во Македонија: Што значи тоа за фирмите?
Во земјава, Народната банка презема мерки за поттикнување на штедењето во денари, а зелените кредити во Македонија првпат надминаа половина милијарда евра.
Анализиравме и за што најмногу се жалат клиентите на македонските банки, додека српската „Алта банка“ чека зелено светло за преземање на „Стопанска банка Битола“.
Единствената компанија што достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобрение за нов мрежен оператор е „Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската компанија „Фор ај-џи“ (4iG). Компанијата, која ќе биде трет обилен оператор во земјава, се очекува да преземе дел од пазарот и да нуди услуги што се слабо застапени.
Прочитајте повеќе:
Скапи станови: Поврат на ДДВ е можно решение за купување прва недвижност
Незаконски имот вреден милијарди, а македонскиот буџет добива ситнеж
Го следевме тргувањето со акциите на „Тиквеш“. На јавна берзанска аукција на акции на големи пакети се продадоа 10.646 обични акции на кавадаречката компанија, а во пресрет на аукцијата имаше и блок трансакции со акциите на винарската визба.
Го анализиравме и портфолиото на Ворен Бафет, во обид да ги откриеме неговите следни чекори, а проверивме и што треба да се случи за биткоинот да достигне милион долари.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...