Американскиот претседател Доналд Трамп му приреди на светот влез во Новата година за паметење. Тоа што лани го навести, сега се гледа дека сериозно го посакува. Тој не ја исклучува можноста за стекнување на Гренланд со воена сила. Желбата на Трамп за Гренланд отвора проблеми за Европа и НАТО, Данска го предупреди да престане со заканите, Франција предупредува дека Европа е под закана од САД.
Гренланд е вториот шок во неколкуте дена од оваа 2026 година. Претходно американските сили го заробија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга и ги спроведоа во затвор во Њујорк. Првото прашање беше што сака Трамп од Венецуела, а потоа сè се сведе на нафтата. Првично, Трамп рече дека САД ќе ја раководат земјата, а потоа го откажа вториот напад затоа што Венецуела, предводена од потпретседателката на Мадуро, соработува.
Во меѓувреме, војната во Украина трае. На температури во длабок минус, земјата е без енергија по силните руски напади, а САД во океанска потера заробија танкер што пловеше под руско знаме. Епилогот сè уште се чека.
Прочитајте повеќе:
Пазарите растат додека Трамп го менува светскиот поредок
Инфлацијата во еврозоната забави до целта на ЕЦБ од два процента, а кај нас остана над четири отсто што е над сите црни сценарија. Сега се поставува прашањето дали годинава таа ќе биде зауздана. Прогнозите одат од надежните 2,5 до сегашните 4 отсто. Кој ќе биде најдобар прогнозер?
Од почетокот на годината домашните компании се оптоварени со нова давачка, јаглеродниот надоместок, но Македонија нема ќар од тоа затоа што не ја сфати одржливоста сериозно иако станува сè појасно дека зелените проекти им носат на банките повеќе пари од нафтата, гасот и јагленот.
Нашиот аналитички тим подготви прогнози за движењето на цените на суровините во текот на 2026 година – клучно е дека сè ќе зависи од геополитичките шокови.
Вештачката интелигенција ќе продолжи го менува светот – но инфраструктурата одлучува кој ќе победи.
Прочитајте повеќе:
Како да препознаете напад: Фирмите немаат доволно капацитет ниту за новиот закон
Здравствениот сектор во Македонија е најранлив на сајбер-напади: Еве зошто
На пазарите, акциите на европската воена индустрија растат заедно со апетитите на Трамп. Анализиравме дека доминацијата на големите технолошки компании се темели на нашата мрзеливост и како експертите заработуваат кога пазарот е во паника.
Од Германија стигна добра вест, производството неочекувано расте – автомобилите се предводник на растот. Доларот достигна едномесечен максимум. Златото одново се движи кон неделен раст.
Во 2025 година најбогатите заработија рекордни 2,2 билиони долари, а ние анализиравме кои се најголемите губитници.