Царините на Трамп влегуваат во нова фаза, низ американските судски лавиринти. Првично неделава некои глобални царини на претседателот Доналд Трамп беа прогласени за нелегални и беа блокирани од трговскиот суд. Но потоа Федералниот апелациски суд му овозможи на претседателот Доналд Трамп привремено да ја одложи пресудата. На првата одлука на судот, берзите реагираа позитивно. Дополнителен поттик на доброто расположение дадоа оптимистичките заработки на „Енвидија“. Втората судска одлука ја прослави администрацијата на Трамп. Но војната со Фед за намалување на каматите допрва почнува.
Цената на нафтата се спушти под 64 долари за типот брент пред денешниот состанок на ОПЕК+, кога ќе се знае во кој обем ќе се зголеми производството во наредниот период. Неделава паѓаше и цената на златото.
Прочитајте повеќе:
„Втора среќа“ за „Стопанска банка Битола“: Ќе има ли нов играч во банкарскиот сектор?
Сопствениците на платформата „Глеј“ ќе бараат 1,9 милиони евра преку ИПО
Во земјава и неделава главна вест е договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство за задолжување од пет милијарди евра. Договорот доби амин од парламентот, но опозицијата не го поддржа, пратениците на СДСМ при гласањето викаа „уа“.
Опозицијата не го поддржа ни изборот на нов гувернер на Народната банка. Сепак, во првата изјава на новата позиција Трајко Славески рече дека ќе ја оправда довербата. Тој додаде дека е свесен за штетата што инфлацијата ја направи врз денарот, но курсот ќе остане стабилен и во иднина.
Прочитајте повеќе:
Парадоксите на издаваштвото во Македонија – книгата е скап продукт, а се продава евтино
Новите кралеви на патиштата во регионот Адрија доаѓаат од Кина
Неделава 20 години од основањето одбележа Организацијата на работодавци на Македонија. Нивната анализа покажува дека ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Чекор кон подобрување на состојбата е намалувањето на царините за седумдесетина стоки, но и планот на власта за вработување на 16.000 граѓани.
Во време кога САД престанаа да издаваат студентски визи, македонската статистика забележа рекорден пад на бројот на дипломирани студенти, но и за можноста Германија да го укине брзото добивање државјанство. Во меѓувреме, САД престанаа со и Анализиравме и колку фалсификувани евра се откриени во земјава во последните три години. Во пресрет на новата жетва, прашавме што ќе се случува со цената на лебот во услови кога цената на пченицата на светските берзи се спушти на нивото од 2020 година.
Прочитајте повеќе:
Фалат странски инвеститори на Македонската берза, а и во регионот не е подобро
Македонија на дното според пријавени европски патенти: само два во 2024 година
Неделата ја обележи и Илон Маск, кој за „Блумберг“ рече дека направи доволно за државата во овој период додека беше дел од администрацијата на Трамп и дека си заминува од Белата куќа и им се враќа на своите компании.
Во светот на спортот, Саудијците го свртеа наопаку, но проектот што никнува под покровителство на Неом ги надминува сите досега поставени критериуми. Ливерпул го привлече Флоријан Вирц, германскиот фудбалски бисер. Германците останаа шокирани. Доколку ви е доста од класичниот фудбал, тука е и варијантата со седум играчи. Проектот го реализира Жерард Пике, а повторно се вклучени и Арапите.
„Блумберг Адрија“ неделава ќе ја одржи новата конференција. На 4 јуни ќе разговараме за потрошувачките трендови. Нашата конференција ќе ги обедини клучните играчи од македонскиот сектор за малопродажба, банкарство, телекомуникации и е-трговија, со силен фокус на малопродажниот аспект на бизнис-операциите.