Работењето на федералната влада на САД е под блокада откако Трамп не успеа да се договори со демократите. Спорот настана околу законот со кој се обезбедува финансирање на институциите и услугите на федерално ниво за септември и понатаму. Станува збор за техничко прашање, кое се користи за политички притисок.
И не е прва ваква блокада, дури седум од девет американски претседатели се соочувале со истиот проблем. Во зависност од тоа колку ќе трае, ќе зависи и цената што ќе биде платена. Процените се дека поради затворањето на владата без работа ќе останат илјадници федерални работници. Анализиравме и како реагираат пазарите на ваквите настани. Што се однесува до златото, цената продолжува да расте затоа што тоа останува сигурно засолниште во турбулентни времиња. „Голдман“ проценува дека цената ќе оди до 5.000 долари за унца.
Буџетски проблеми има и Франција. Земјата што ја тресе политичка криза ќе се обиде преку повисоки даноци за богатите да дојде до решение за намалување на дефицитот. А Италија успешно го реши тој проблем. Владата на Мелони за следната година предвиде дефицит од 3 отсто, што ќе ѝ остави на владата повеќе пари за даночни олеснувања за средната класа и за одбрана. Македонија се обидува да го консолидира буџетот, но за да се случи тоа се неопходни реформи, затоа што искуството покажува дека буџетската експанзија не го забрзува растот.
Прочитајте повеќе:
Највисока и најниска плата – програмерите заработуваат 3,5 пати повеќе од рибарите
Кои компании се најзадолжени кај македонските банки?
Ви ги откривме македонските рекордери во добивка по вработен и профитни маржи. Пишувавме дека индустриското производство во август падна за 3,5 отсто, а генерално се намалуваат и каматите на кредитите и депозитите. Паѓаат и цените на деловните објекти во Македонија.
И цената на нафтата паѓа во континуитет поради вишокот резерви на пазарот. ИЕА проценува дека следната година резервите ќе го достигнат врвот, а викендов ОПЕК+ најверојатно уште еднаш ќе донесе одлука за дополнително зголемување на производството.
И трошоците на градежниците се намалиле, но цените продолжуваат да растат. Анализиравме што е во прашање – парадокс или глад за профит.
Раст покажуваат податоците од еврозоната за инфлацијата, што е сигурен знак дека ЕЦБ ќе остане на пауза и на следниот состанок. Проверивме во кој сектор на ЕУ ѝ нема рамен. Го објавивме и планот на Унијата за зголемување на царината за челик на 50 отсто. Кога сме кај царините, Трамп и неделава воведуваше нови - овој пат за мебел.
Прочитајте повеќе:
Што ни вети 5Г, а што (не) добивме?
„Кар шерингот“ и електричните возила го менуваат рентакар-бизнисот во Македонија
Трамп и израелскиот премиер Нетанјаху го објавија планот за завршување на војната на Блискиот Исток. Европа продолжи да се соочува со напади од дронови, овој пат беше затворен аеродромот во Минхен. Европа заостанува во војната со дронови – нема доволно противвоздушна одбрана, а германскиот канцелар Мерц и унгарскиот премиер Орбан со остар тон разговараа за европската одбрана. Британски генерали, пак, алармираат за руски напади и во вселената, а воената машинерија на Путин станува клучен фактор за руската економија.
Неделава беше објавено дека кинеската компанија „Чери“ и „Рено“ разговараат за можноста заедно да произведуваат автомобили за јужноамериканскиот пазар. Офанзивата од Истокот продолжува, кинеските производители на возила во август ги надминале „Ауди“ и „Рено“, а кинеските пазари повторно станаа привлечни за инвестиции.
„Опен еј-ај“ ја надмина компанијата на Илон Маск според пазарната капитализација, а „Епл“ најави апликација во стилот на ЧетГПТ. Анализиравме како вештачката интелигенција и логистиката го менуваат лицето на е-трговијата во регионот и како величествените седум се минато, затоа што доаѓаат нови лидери во ВИ-секторот.
Токму овој сектор остави многумина без работа, а спортските судии би можеле да бидат следни – ги истраживме трендовите во развојот на технологијата во судењето. УЕФА секогаш има недостиг од средства, а следниот чекор кон зголемување на приходите е насочување кон глобалните лидери во стримингот. Германците секогаш се претпазливи, што е една од причините зошто не можат да го следат чекорот со Англичаните во фудбалот. Сега бараат да се воведе на ограничување на платите.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...