Тензиите околу Иран растат. САД распоредуваат големи воени сили, а Трамп вели дека Иран има само уште неколку дена за договор. Геополитичките тензии го јакнат доларот, расте и цената на нафтата, а еврото и акциите паѓаат.
И како да се малку овие тензии, Трамп отвори нов фронт. Во фокусот се вонземјаните за кои, според американскиот претседател, Барак Обама открил доверливи информации и, за да нема повеќе забуни, сега Трамп ќе декласифицира некои од информациите на оваа тема.
И темата за Епстајн неделава зеде залет, откако првпат по 400 години беше уапсен член на британското кралско семејство. Поранешниот принц Ендрју не е во притвор, но истрагата за нелегални активности поврзани со дискредитираниот финансиер продолжува.
Прочитај повеќе:
Критични суровини: ЕУ забрзано прави планови за да се заштити од Кина
Европска одбранбена индустрија: Каде лежи следната голема можност за инвеститорите
Во земјава фокусот останува на цените на недвижностите. Според аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“, цените и годинава ќе растат со двоцифрени стапки, а како изгледа тоа во практика најдобро покажува фактот дека гаража во Скопје лани се продала за 30.000 евра.
Хотел „Карпош“ оди под хипотека, па анализиравме дали „Македонијатурист“ ќе ги оживее култните „Бристол“, „Јадран“ и „Водно“ и кој е „тајниот“ адут на компанијата. За тие што сакаат да патуваат надвор од земјава, од јули ќе има директни летови од скопскиот аеродром до Алгеро и Палермо.
Прочитај повеќе:
Македонија повторно ќе бара пари на заем на меѓународниот пазар
Растат пензиите, но расте и бројот на пензионери со најниски пензии
На глобалните пазари, во трката по свежи пари за нови инвестиции влезе и „Опен еј-ај“, стравот од вештачката интелигенција почна да замира, додека дебатата дали таа може целосно да ги уништи софтверските акции продолжува. Трката по моќна вештачка интелигенција создава и нови предизвици за пазарот на деривати.
Странските инвеститори го отфрлаат и наративот „продавај ја Америка“ и повторно купуваат американски средства. Акциите на „Њујорк тајмс“ достигнаа рекордно ниво откако Бафет влезе во сопствеништвото, а анализиравме и каде ќе бевме денес ако ги следевме стратегиите на инвестициските легенди Бери, Бафет, Далио и Вуд.
Прочитај повеќе:
„Евтин“ почеток, скап пат - колку чинат македонските спортски школи за деца?
Акциите на турскиот клуб „Галатасарај“ нагло пораснаа по победата над „Јувентус“
Анкета на „ЏП Морган“ открива што уште ќе ги зголемува тензиите на пазарите оваа година, а ние анализиравме и како да го диверзифицирате портфолиото преку инвестиции во земјоделството. Во меѓувреме, директорските плати на Волстрит достигнаа рекордни височини.
Германија одлучи да ги забрани социјални мрежи за помлади од 14 години, а францускиот претседател Макрон вели дека тие немаат врска со слободата на говорот. Неделава пред судската порота продолжи процесот против технолошките гиганти, кој треба да покаже дали социјалните медиуми создаваат зависност.